Помина цела година на новата локална власт во Ресен, која си даде 10 приоритети на изборите, тие приоритети останаа само на хартија.
Иако многу ветувања и поени добија на земјоделието, ништо не се смена, се отиде во лош правец. Не се основа институт за јаболкото, ниту пак капацитети за преработка и складирање.
Ветено беше заштита на Преспанското езеро, досега не видовме ништо од тоа.
Ништо не бидна ни со економската зона, или пак изградбата на меморијален центар посветен на историски личности.
Неофицијално дознаваме, дека ниту владата, ниту општината немаат средства за да инвестираат и променат нешто во Ресен.
Во последно, со месеци доцнат исплатите за вработените во општината, а вработените во образованието како во времето во 2001 добиваат плати на крајот од месецот.
ДЕСЕТ ПРИОРИТЕТИ
1. Изградба на капацитет за откуп, преработка и складирање на јаболкото во современ ладилник - во соработка со Владата на Р.М.;
2. Иницијатива за основање институт за ресенското јаболко;
3. Изградба на брана со која би се решил проблемот со вода за пиење и наводнување во соработка со централната власт и странски донатори;
4. Проект за заштита на Преспанското езеро;
5. Изградба на магистралниот пат Битола-Ресен-Охрид на потегот Макази- Избишта, проект на Владата на Р.М;
6. Реконструкција на градскиот водовод, односно замена на азбестните цевки;
7. Изградба на фудбалско и тениско игралиште, проект во соработка со Агенцијата за млади и спорт;
8. Изградба на социјални станови за млади брачни парови и социјално загрозени лица, проект во соработка со Владата на Р.М;
9. Изработка на проект за изградба на меморијален центар посветен на историски личности и настани од Преспа;
10. Ставање во функција на слободната економска зона.
Copyright © 2005 - 2010 ПРЕСПАSky
Вестите на интернет страницата на новинската агенција ПРЕСПАSky може да се користат исклучиво за лично информирање.
Без писмена дозвола од новинската интернет агенција ПРЕСПАSky, или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите.
Правен застапник на Новинската интернет агенција ПреспаСкај е адвокатската канцеларија “Ивановски".