Понеделник, 19 Април 2010 07:13
Напишано од PrespaSky
Анкетата на ПреспаСкај покажува опасна тенденција на состојбите во која се наоѓаат младите во Преспанскиот регион. Дури 83% од анкетираните 403 лица рекле дека во Преспа нема повеќе забавен и спортски живот.
Разочарувачки резултати покажа анкетата на ПреспаСкај, но вистинската слика ја покажуваат состојбите во градов што се алармантни, а тоа е дека во Ресен за кратко време ќе живеат само пензионери, младите едвај чекаат да најдат прилика за заминат од градот, доколку продолжи ваквиот континуитет, оваа состојба ќе стане саамо една обична реалност.
Празните кафе барови во петок на вечер на пример, не се сведоштво само на безпарицата која ја донесе оваа власт на граѓаните, туку и на она што младите можат да го добијат во Преспа. За разлика на пример од пред две години состојбата е катастрофална.
Забавно спортскиот живот е донесен на срамно ниво, нема никакви настани за младите ниту од спортски ниту од забавен карактер.
Кафе баровите со одлука на општината од пред некој месец работаат само до 00 часот во обичен ден, а до 01 во викенд, па затоа сите заминуваат во другите градови Охрид, Битола каде што има барови кои секој ден работат и до 4 часот наутро.
Ако Ресен беше град, во кој до пред две-три години доаѓаа од другите градови да уживаат во ноќниот живот, сега тоа е едно убаво минато.
А спортските објекти, се користат само за време додека има светлина, забрането е користење во вечерни часови за да не се троши струја. Исто така спортската сала редовно се издава само на "подобните" граѓани.
Анкетата која е спроведена од 29 март до 18 април на 402 испитаници, говори дека дури 334 граѓани одговориле дека во Преспа забавно-спортски живот нема, а само 68 рекле дека се задоволни од забавниот живот.