Петок, 07 Мај 2010 07:12
Напишано од PrespaSky
Дали ќе си поднесат оставки, градоначалникот на општина Ресен, министерот за економија и премиерот, доколку Македонија во вторник биде задолжена за отштета до 300 милиони евра за Свислајон Агроплод?
Ситуацијата е многу сериозна, аларманта. Вината на оние кои ги одзедоа акциите од Свислајон е голема, а дали ќе ги откријат маските луѓето кои кумуваат на обидот за одземање на акциите на Свислајон кои патем се купени по пат на берза и распишан јавен оглас.
Свислајон ќе бара милионска отштета за траумата, тежината и катастрофата која ја снајде оваа компанија откако човек од власта веќе четири години се обидува да ја поништи приватизацијата и да ги избрка од Агроплод.
Во вторник во Париз ќе се одлучува по случајот Агроплод. Доколку Македонија загуби на овој спор, ќе треба да и исплати на швајцарскиот магнат милионска отштета.
Дали граѓаните ќе побараат оставка истиот ден од врвните луѓе кои ја креираат политиката и дозволиле да се случи такво нешто?
Оставката е морален чин пред се, а потоа истите луѓе кои кумувале на скандалозната одлука да ја надоместат штетата и соодветно да одговараат пред законот за штетата нанесена на Република Македонија пред светските инвеститори велат нашите соговорници.
Според експертите на Свислајон не и одговара повеќе да инвестира во Македонија, како и на останатите инвеститори од цела Европа, бидејќи го видоа вистинското лице на власта и мешањето на политиката во се и сешто.
Но што ќе се случи со отштетата, кој ќе ја плати, ќе понесе ли некој одговорност за над 600 вработени кои ќе останат без своите работни места?
Во делот за коментирање внесете го вашиот став.