Понеделник, 19 Јули 2010 17:41
Напишано од PrespaSky
Откако еднаш ја однесоа во колатерална штета, овој пат појачани со извршниот одбор на ВМРО ДПМНЕ, е превземен Агроплод АД Ресен.
Откако судот и ги одзеде акциите на Свислион, државата гласаше во корист на партиската структура на ВМРО ДПМНЕ во Ресен со што за претседател на одборот е Ѓорги Китинов, а како членови на другите структури се поставени луѓе од извршниот одбор на ВМРО ДПМНЕ.
Сепак Агроплод АД има учество со околу 20% во компанијата Свилсион Агроплод каде што се вработени најголем дел од вработените, а остатокот го има Свислион од Скопје.
Свислион во меѓувреме води спор со државата, а речиси сите факти говорат дека спорот ќе заврши во корист на Свислион, со што Македонија поради апетитите на ВМРО ДПМНЕ може да биде оштетена со многу милиони евра.
Со партиската чистка под водство на ВМРО ДПМНЕ се окончува целосното уништување на Преспа, кое го отпочна оваа партија и засилено го спроведува откако дојде на власт во Ресен последниве година и пол.
Опозицијата најави дека сите кои направиле криминал, ќе одговараат, а ги потсети дпмне дека колата им е тргната на удолнина, бадијала им е се.
Личностите кои се вмешани на некој начин во зделката на ВМРО ДПМНЕ и поставени на функции:
Претседател на одборот-Ѓорги Китиновски
Генерален Извршен Директор- Иван Китинов
Извршен Директор- Тања Источка
Извршен Директор- Николаки Доновски
Независен неизвршен директор- Миле Прцуловски
Независен неизвршен директор- Кире Божиновски
Неизвршен директор- Трпе Трпевски
Неизвшен директор- Никола Тански
Неизвршен директор- Ристо Темелковски