Понеделник, 26 Јули 2010 08:16
Напишано од PrespaSky
Непознавањето и политиката која се вмешува во сите слоеви во Преспа е штетно. Како прво сите треба да ја остават политиката настрана и реваншизмите према луѓето кој што работат во Агроплод зошто на тој начин само се лечат комплекси и се задоволуваат лични хирови.
Сега, овој пат треба да ја тргнеме настрана политиката да се осврнеме исклучиво на економските интереси на вработените во Агроплод АД Ресен да не им се случи судбината на Преспа Текст, само да остане убав спомен од Агроплод. Овој е тој момент кога треба да се остане заедно без оглед на политичката определба и да се одбере вистинската насока.
Да почниме малку реално да размислуваме и да ги согледаме фактите:
Во Свисслион Агроплод работат околу 600 вработени кој редовно земаат плата и сите давачки навреме се подмирени. Пред тоа сите знааат се земаше плата од 5000 ден. и давачките не беа платени а фирмата беше на работ на банкрот.
И затоа работниците погледнаа со надеж во Свисслион за решавање на нивната основна работа - егзистенцијата, и сакаа да бидат дел од едно големо семејство на Свисслион со 16 000 вработени каде му се гарантира безбедност на подолг период. И не се излажаа , земаат плата редовно без да биде закасната ни еден ден непрекинато за целиот период, 13 плата и паричен надоместок за Св. Никола кога немаше економска криза , а и за економската криза профитабилно се работеше. А не да бидат во друштво со еден профитер кој се грижи само за личните интереси. А за тоа доволно е да ги прашате работниците од Картонирка(пожарна Скопје) и Алумина.
Али да го оставиме настрана и тој ситен профитер не е вреден ни да го споменуваме, да се вратиме во Агроплод, Агроплод точно беше бренд но тоа беше едно време кое е 20 години зад нас и се сеќаваат само постарите, сега е веќе друго време каде важат други правила на игра и каде господорат други играчи, играчи кој имаат капитал, инфраструктура и меѓународен рејтинг. А денеска доволно е само малку да си паметен и да сватиш ако сакаш да опстанеш мораш да играш со најакиот и најдобриот. Во оној момент кога ќе се свртиш против него тој станува бескрупулозен. А тогаш ќе биде касно да се вратиш во игра зошто по правило капитализмот е суров каде владее едно правило - уништи го конкурентот пред да те уништи тој.
Па Ресенчани запрашајте до каде оди ова фарса на одредени профитери дали стварно мислат за иднината на Агроплод. Која е инвестиционата програма која е понудена за Агроплод од политичките профитери. Кои се плановите за развој ? А верувајте дека во оној момент кога ќе се свртите против поголемиот во овој бизнис тој ќе ве згази и од Агроплод ќе остане едно убаво сеќавање и уништена една надежна иднина на генерации на Ресенчани.
И за крај не верувајте во ветувањата на тој ситен профитер дека ќе го врател Агроплод на старите патеки, не дај боже да го врати на тие патеки зошто тој ги пренасочи и изгуби. А дека ќе донесел познати брендови, тоа е најголемата глупост која сме ја слушнале во последно време, И пак ќе се навратиме на претходното кажаното: сите тие брендови се знае со кого играат -со најакиот. Па веќе имаше шанса беше претходно во Агроплод но резултатите беа очајни плата 5000 ден. Линеарна, и доколку останеше ќе направеше КАРТОНАЖА 2. На Ресен не му треба нова економска катастрофа како таа со јаболките.
Ресенчани размислете иднината е во Ваши раце ако сте сплотени и јаки никој не може да ви ја крои Вашата судбина.