Среда, 28 Јули 2010 08:41
Напишано од PrespaSky
Посветено на фамилијата на Градоначалникот Волканоски и фамилијата на Докторот. Своевремено екс Југословенската легенда Бора Џорџевич-Риблја чорба го пласира мега хитот „Како је лепо бити глуп„.ПРЕСЛУШУВАЈКИ го овој мега хит на Риблја Чорба пред мене се појавуваат слики на Ресенскиот Градоначалник Волканоски и неговата тајфа на полтрони и крлежи,длабоко впиени во кожата на преспанци цицајки ја нивната крф.Нејсно е едно ,зошто оваа тајфа која наголемо е навлезена во криминални води е на мислење да преспанци траба да проголтаат се она што тие сакаат да му го сервираат?!,или пак мислат дека се до толку многу паметни,а се што е вон нивниот видеокруг се глупи ,кој што ке му сервираш ,тоа и ќе го јадат,и ако веке втора година упорно гледаат дека таквото нешто не поминува.
Некој демократијата ја имаат перцепирано како апсолутизам на владеење ,што е сосема дијаметрално спротивна категорија,но за тие што не гледаат од својот нос подалеку ќе им објасниме.Демократија доајга од старогрчкиот зборови DEMOS(НАРОД) И KRATIJA(ПРЕНЕСЕНА),ШТО ВО БУКВАЛЕН ПРЕВОД ИМА ЗНАЧЕНИЕ ПРЕНЕСЕНА ВЛАСТ ОД НАРОДОТ.Ова значи да целиот народ во една држава не може да владее ,туку избира свои преставници коио во името на натродот ќе владејат ,при тоа грижејќи се за основните права и обврски на својот народ.Тоа е господа демократија.
Од друга страна политичкиот систем познава и друг начин на владеење а тоа е НАЦИОНАЛ ШОВИНИЗМОТ,систем кој се применувал во Германија од 1923 година па се до 1945 година.Тоа е систем на постоење на еден народ и една нација ,во случајов фашизмот ,кој не признавал ништо друго околу себе ,т.е,сите други биле предмет на егзекуција,што е и сторено за времето на Фашистичка Германија.
Вистинските демократски земји ,каде владејат повекепартиски системи,нормална појава е да имаат судир во своите ставовин и гледишта околу начинот на водењето на политиката во смисол на :Надворешна политика,внатрешна политика,која во својот состав има повеќе сегменти,како на пример (Економска,развонја политика и др),но тоа се прави во интерес на целиот народ и за добро на целиот народ ,а не само на поединци.Доколку од таквата политика бенифит имаат само поединци ,тогаш не станува никаков збор за Демократско Државно уредување ,туку тогаш станува збор за Тоталитарен режим по примерот на Куба ,венецуела ,Колумбија и др.
Демократските процеси носат со себе и нормално и –промени на власт,всушност тоа е и целта на демократијата ,да можеш да го искажиш својот став,и доколку повеќето од грајганите оценат дека власта не ги штити нивните основни интереси на егзистенција,тогаш нормално е да побараат и смена на таквата власт,а воедно и да побараат одговорност од носителите на таа власт.Ваквите демократски процеси се незапирливи ,постоеле со векови и ќе постојат без офлед дали на некого тоа му се допајга или не.
Доколку било кој се огреши од позитивните закоски прописи ,пропишани со Уставот како највисок правен Акт во Државата ,како и со пропишаните законски регулативи од Кривичниот Законик на Р.М.,тогаш нормално е органите на прогонот да го санкционираат таквото дејствие ,без разлика дали се работи за човек чија функција е Градоначалник или пак Ковач,од шроста причина што сите граѓани во Р.М.се еднакви пред законот,и ниту една функција која ја извршуваат не може да го амнестира криминалот ,нормално до колку е сторител на истиот.
Демократцките процеси не познаваат неодговорност на Функционери,туку напротив се почнува и завршува кај нив,функцијата освен бенефит ,носи и одговорност пред својот народ,а незадцоволството на народот спрема избраниот функционер може да биде изразено на разни начини ,нормално кој се регулирани со закон ,и тука не може никој да прави притисок врз народот да го искаже своето незадоволство.Доколку незадоволството е оправдано еден политичар-функционер ,доколку има барем малку доблест или чест во него ке си ја признае својата грешка ,и нормално е да си понесе одговорност и како морален чин оставка.
Зошто ви го писувам ова ,од една едноставна причина што владеењето на Волканоски и тајфата во Ресен нема никаква допирна точка со едно демократско владеење.Владеењето на Волканоски и тајфата наликува на владеењето на Националшовинистите во Германија ,или на владеењето на Фидел Кастро со својата фамилија врз Куба или она на Чавез во Венецуела.Единствено нешто што во Ресен го има е Фамилијата на Волканоски и фамилијата на Докторот,се друго е сорта на лјуѓе кои треба да бидат уништени ,а за чие добро е тоа ни самите незнаат.
Автор: Сашо Денесовски
Уредник