Четврток, 29 Јули 2010 08:57
Напишано од PrespaSky
Дали поединачно или колективно почнува да владее лудилото кај прозваните поединци челници(Јаничари)во раководството на ВМРО ДПМНЕ во Ресен,не можам никако да разберам зошто такво лудило?!,дали тоа е од очај што се губи тлото под нозе?,или пак проработува ефектот на искривено огледало. Неможиме а да не извршиме анализа на коментарот на челникот на ВМРО ДПМНЕ во Ресен објавен на вчерашниот наш напис,а за да се изврши анализа на незнаењето и непознавањето на основните човекови начела ,најнапред уште еднаш ке го објавиме неговиот коментар инегрално:
|
vmro - vmro resen
|
|2010-07-28 12:50:48
|
|
|
Кој на кого му ја исцица крвта? Зарем мислите дека преспанци ги има зафатено колективна амнезија и дека не знаат што му се случило во блиското минато. Секој преспанец, во просек земено што е постар од 30 год е жртва на транзицијата и пљачкосувањето на : хотел Европа Отешево, фабриката за сокови во Царев Двор,Преспатекс, Ретекс, Алгрета, ЗИК-от, одморалиштето во Крани, Китка итн. Секој преспанец ќе ви одговори кој ги опљачка овие фирми и кој е виновен за нивниот статус на сегашни невработени (СДСМ). Но да поченеме со ред. Ни давете дефиниццја што е демократтија...па СДСМ ДО 1998 година владееше во парламентот без ниту еден пратеник во опозција, истата ситуација се преслликуваше и на локално ниво до 2009 год. ДЕМОКРАТИЈА Е КОГА ВЛАСТА СЕ КОНТРОЛИРА И ИНСТИТУЦИОНАЛНО(ОРГАНИТЕ) И КОНСТУРКТИВО( ПРЕКУ ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ). вашате дефиницја е застарена од 17 век (Русо). За цел период на таа ваша "демокартија", народот ги казнува СДСМ неколку изборни циклуси наназад. Го спомнувате национал-шовинизмот. Знаете дека во западната литература фашизмот и комунизмот се третираат како најболни изуми на човечкиот ум, а токму СДСМ е историски и идеолошки наследник на комунизмот. И реално ако погледнеме СДСМ и кога е на власт или пак во опозиција, се користи со истите УДБАШКИ методи од комунизмот, затоа кога ставате равенство меѓу нациналшовинизам и нешто друго размислете малку. Го спомнавте Кривичниот законик на Р.М Кога СДСМ беше на власт КЗ беше еден безвредно парче хартија од 1974. Тоа не беше случајно така оставено, туку тогашната власт намерно не правеше реформи во законодавството и не воведуваше нови кривични дела за глатко да си ја спроведе транзицијата, и целата распределба на опшетвениот капитал да падне во рацете на неколкумина. Како може да се спроведува транзиција во пазарно стопанство со Кривичен законик донесен во социјалистичко опшество. Апсурдно, но вистинито.Е, тоа време може да го споредувате не со Чавез или Кастро, туку со Сталин или Пол Пот, многу посурови режими.
|
|
------------------------------------------------------------------------------------------------
Докторе,поимот Амнезија од медицински аспект ви е добро познат и не треба да ви го елаборираме,но за да не ве зафати вам амнезија ,еве ке ви објасниме некои работи на кои вие се повикувате.
Најнапред се повикувате на времето на транзиција и на фабриките во Царев Двор,преспатекс,Ретекс,Алгрета,ЗИК-от,одморалиштата во Крани,Китка ,итн.За да излезете,да ве излечиме од амнезија ќе мора да ви кажеме некои факти.
Преспатек,Алгрета ,Ретекс имаа ист стечаен управник ,лицето Мите Блажески со неговата поубава половина како вешто лице,кој и ден денешен работат во тандем под протекторат на вашиот Битолски прептоставен,е баш затоа нема никаква истрага,поради нивниот сегашен ментор.
За Крани и Китка не сакам ни д апишувам ,тоа е ваше дело.
Вашата теза да до 1998 година немало демократски процеси во Македонија!!!,сериозно се чудам на ваквото тврдење , имате сериозен проблем со помнењето,одма посетете психијатар.
Во 1994 година по одлука на преседателот на ВМРО ДПМНЕ во вториот круг се бојкотираа парламентарните избори ,и Вмро делуваше вон парламентарно.Од 1998 година апсолутната власт до 2002 година беше во рацете на ВМРО ДПМНЕ ,и токму од причини на самобендисување,алчност и арамилак во 2002 година се изгубија изборите.
Велите дека мојата дефиниција за демократија е застарена?!,се повикувате на Филозофот Русо од 17 век?!!.Значи вашето познавање на демократијата и нејзината историја е еднаква на магарешка забавна музика,но нашата маленкост ки ни дозволите да ви објасниме барем малку од она што ние го познаваме.Демократијата нема никаква врска со Русо.Татко на демократијата е Кралот на античка Елада(Атина)ДЕМОСТЕНОС ИЛИ ДЕМОСТЕН,кој во своето кралство за прв пат во историјата ке воведе начин на владеење со избрани пресњтавници од народот ,популарно наречени Сенатори.Со зачетокот на Римското царство старите Римјани-Латини ке го применат овој принцип на владеење и ке го усовршуваат со формирање на дводомен сенат-парламент.Со распадот на Римското царство започнува ерата на Феудализмот(систем кој вие го практикувате во Ресен) се до почетокот на 20 век ,каде повторно се јавува демократското уредување.
Се повикувате на КЗ дека истиот се до пред три години бил наследен од поранешна СФРЈ од 1974 година и дека сега се вистинските реформи во судството?!
Почитуван или амнезиран незнајко,во УСА законите и Уставот се напишани во времето на Абрахам Линклон и до ден денешен немаат претрпено никакви измени,зарем Америте се поглупи од нас??
Доколку сте консултирале било кој познавач на правото ќе ви објаснел некои работи.Имено во демократскиот свет постојат две правни регулативи.Едно е латинското право,кое се изучува и применува кај нас ,и друго е Аглосаксонското право кое се применува во западните земји,и на двете основата му е иста а тоа е Латиското право.Доколку не сте знаеле земја која на секоја месечина ги менува своите закони од неја нема голелм аир.Ако на времето судиите ги назначуваше Извршниот совет,кој да речеме бил под нечија контрола,денес судиите ги назначува судскиот совет кој исто е контролиран и не може да биде независен ако главниот збор го има Министерот за правда и е член на истиот,а замислите министерот е политичка личност во независно судско тело!!!!бог да чува и да брани.По осамостојувањето Македонија ги презеде законите од поранешна СФРЈ и ден денес во дел од процесното и кривичното право се спроведуваат закони донесени од поранешна ФНРЈ.
Ако поентата на вас ви е да создадете некој друг правен поредок каде сите ваши неистомисленици би ги осудиле на Гилотина ,е тоа нема баш да ви помине.
Вие основното начело на децентрализација воопшто не го имате перцепирано.Децентрализацијата е процес во демократијата на пренос на власт од централно на локално ниво,не за да вие локални мокници преку ноќ постанете деспоти и богаташи ,туку да власта биде поблиска до народот и народот да има поголемо влијание врз донесувањето на одлукитем кој се важни за негов подобар и подостоинствен живот.Градоначалникот на опшптините треба да биде добар менаџер за да знае да ја менаџира опшптината ,а не да биде восочна фигура и политички послушник.
Се гледа по вашиот коментар дека кај вас НЕЗНАЕЊЕЊТО Е СИЛА,НЕЗНАЕЊЕТО Е МОЌ,вие сте коплетна изградена личност ,по латински наречена tabulla raza.
Денесовски Сашо, Уредник