Советот на Општина Ресен во петок ја одржа 15. седница. При усвојувањето на дневниот ред советничката група на СДСМ предложи дополнување на дневниот ред со уште една точка, расправа за неовластено влегување во туѓ деловен простор.
При тоа беше дадено образложение од советничката група на СДСМ дека во просториите на Здружението на телесно инвалидизирани лица во Ресен на ул. Коле Неделковски насилно се вселило лицето Петровиќ Горан. Здружението благовремено го пријавило насилното влегување во нивните деловни простории во полициската станица-Ресен на 17јули. На 22јули полициската станица доставува Известување (бр. 25.12.2/1835 од 22.07.2010год.) до Здружението во кое стои дека од обавениот разговор лицето укажало дека "дозвола за влегување добил од Советот на Општина Ресен за што во наредниве денови ке биде испратен и писмен доказ".
Советничката група на СДСМ појасни дека просторијата на ул. Коле Неделковски е во сопственост на Опстина Ресен и со Договор за послуга на простоирија склучен на ден 19.03.2007год. помеѓу Опстина Ресен и Меѓуопштинското здрузение на телесно инвалидизирани лица на општините Битола, Демир Хисар и Ресен, Општина Ресен му ја дава просторијата на послуга без надоместок на Здружението. И покрај тоа што беше укажано дека со неставањето на дневен ред не само што не се помага во разресување на проблемот помеѓу Здружението и лицето кое насилно влегло во просторијата на Здрузението, туку во исто време се руси и дигнитетот на Советот. Освен советницката група на СДСМ која гласасе "за", останатите советници од ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и НСДП беа против дополнуването на дневниот ред.
Бегањето од решавањето на проблемите од страна на советниците кои беа против дополнувањето на дневниот ред, отвара простор за поднесување од страна на оштетениот приватна тузба, како и тужба за кривично дело согласно чл. 145 од КЗ за неовластено влегување во туѓ дом или деловен простор. Градоначалникот кој ја преставува и застапува Општината согласно чл. 71 од Статутот на Општина Ресен "обезбедува правилно и законито користење, одржување и заштита на сопственоста во согласност со закон и овој Статут". Случајно оваа просторија е сопственост на Општина Ресен. Јавно прашуваме: што ке превземе градоначалникот за заштита на сопственоста на Општината. Во исто време го повикуваме да го реши и проблемот со сместувањето на лицето Петровиќ Горан, но не на штета на некој друг физички или правни субјект.
По утврдувањето на дневниот ред со една единствена точка:Збирен известај за настанатата штета од елементарна непогода - град, советниците едногласно го прифатија Извештајот и изразија надеж дека и покрај неисплатените средства за штета од претходната година, Владата ке обезбеди финансиски средства за обештетување на граѓаните.


| Коментари |
|
Copyright © 2005 - 2010 ПРЕСПАSky
Вестите на интернет страницата на новинската агенција ПРЕСПАSky може да се користат исклучиво за лично информирање.
Без писмена дозвола од новинската интернет агенција ПРЕСПАSky, или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите.
Правен застапник на Новинската интернет агенција ПреспаСкај е адвокатската канцеларија “Ивановски".