Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Општинската организација на СДСМ, по повод празникот Илинден, на сите граѓани им го честита овој голем празник кој се одбележува на втори август.

Празникот кој е одбележување на Илинденското Востание е најголем национален празник на македонците.

Коментари
Додади ново RSS
АСНОМ  - Втор Илинден   |2010-08-01 23:52:10
Другарчиња, честиката ви е многу штура.Зарем вИе „комуњарите“ како што ве нарекуваат вашите противници заборавивте дека на овој ден славиме двоен празник.Зар го заборавивре АСНОМ? Ова не смееше да вИ се случи, барем не вАС.
Народот ова го казнува другарчиња, заради вакви грешки ја изгубивте власта. Отворете ги учебниците, добро научете ја историјата зошто народ (партија) кој не го познава своето минато нема ниту да има иднина. За да ова не вИ се случи повторно да вЕ потсетам:

Антифашистичкото Собрание на Народното Ослободување на Македонија (АСНОМ) е врховно законодавно и извршно тело на Демократска Федерална Македонија во периодот од август 1944 година до април 1945 година, кога, согласно новите прилики, е реконституирано и преименувано во Народно Собрание на Македонија.
По објавувањето на одлуката за свикување на АСНОМ, се пристапи кон избирање на делегатите за Собранието. Самиот начин на кој се избирале делегатите за АСНОМ не е сосема јасен. Во „Зборникот на документи од АСНОМ", издаден од Институтот за национална историја, има еден спис на ЦК КПМ од кој се гледа дека „електорскиот процес" се опишува вака - обласните комитети треба да ги избираат пратениците за "Прохор Пчински" на местни конференции од по 5 - 6 лица.


Првото заседание на АСНОМ е одржано на 2 август 1944 година во манастирот Св. Прохор Пчински. Заседанието започна со изведување на песната Изгреј зора на свободата. На заседанието, кое во 17.15 часот го отвори најстариот делегат, учителот Панко Брашнаров од Велес, со присуство на делегати од сите краишта на Македонија и на претставници на големите сили учесници во антифашистичката војна - САД и Велика Британија, се донесени неколку важни одлуки:

* Решението за прогласување на АСНОМ за врховно законодавно и извршно народно претставничко тело и највисок орган на државната власт на демократска Македонија
* Декларација на АСНОМ за основните права на граѓаните на демократска Македонија
* Решение на АСНОМ за воведување на македонскиот јазик како службен јазик во македонската држава
* Решение на АСНОМ за прогласување на Илинден – 2 август за народен и државен празник на македонската држава.

Покрај овие одлуки на ова заседание се прифатени решенијата од Второто заседание на АВНОЈ, одобрена е работата на Главниот штаб, формирана е комисија за испитување на воените злосторства направени од окупаторите и нивните слуги, како и друга комисија задолжена за изработување на законски проекти. Од заседанието е упатен Манифестот на Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ.

Првото заседание на АСНОМ формира свој Президиум, кој всушност претставува прва македонска влада. Покрај претседател, Президиумот имал двајца потпретседатели, двајца секретари и 17 члена. За претседател е избран Методија Андонов - Ченто, трговец од Прилеп, за потпретседатели Панко Брашнаров, учител од Велес и Емануел Чучков (Мане Чучков), директор на гимназијата од Штип. За секретари се избрани инженер Љупчо Арсов, банкарски службеник од Штип и д-р Владимир Полежиновски, правник од Кичево.

* ПРОГЛАС ОД ПРВОТО ЗАСЕДАНИЕ НА АСНОМ ДО МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ЗА ОДРЖАНОТО ЗАСЕДАНИЕ НА АСНОМ.

„ ...Другарки и другари народни претставители, Во овој момент, во ова историско место “Св.Отец Прохор Пчински“ и на овој историски ден

- И Л И Н Д Е Н -, кога објавувам да е отворено Првото Антифашистичко собрание на народното ослободуење на Македонија, душата ми е преполнена со радост и пред премрежените очи гледам како се раздвижиле сите реки од Пчиња и Вардар до Места и Бистрица, заплускујат е целата македонска земја, сакајќи да измијат од македонскиот народ десетвековниот ропски срам од пропасти на Самуиловата држава, за да се роди денеска нова, светла и слободна македонска држава. Во овој момент, земјата на нашите покојници - многубројни народни герои, паднали и посејали коските си по цела Македонија, им станује по лека и они во мир веќе го гледаат изгревот на нашата слобода, гледат идеална дружба на старите Илинденци - на Гоце Делчев и денешните Илинденци - младата македонска војска, и поставените темели за остварението на идеалот на две поколенија, на две епохи - слободна, обединена Македонија. Во знак на почитание спрема падналите јунаци, ја ве поканувам да им ја изразиме со еден минут молчание нашата вечна, бескрајна признателност (при помен на жертвите одава се минутно молчение). Вечна слава на падналите герои за слободата на Македонија! Другари народни претставители, жив сум свидетел на два Илиндена - 1903 и 1944 година. Во моите спомени се нижат безброј моменти за илиденската народна епопеја и Крушовската република. Бескрајни беа напорите на вооружениот македонски народ, огромна беше жаждата му за слобода, борбата го дари со слободна Крушовска република. Но разјарениот башибозук и турската регуларна војска се нафрлија и го затрупаја оазисот на слободна Македонија - Крушовската република го потушија востанието и го стегнаја искрвавениот македонски народ во ново ропство. Животворениот извор на слободата не секна. Македонија ја поделија, ропствата се менија, но борбата на македонскиот народ не престана. Кога сите поробени народи на Југославија се дигнаја против денешниот непријател на целото човечество фашизмот, и македонскиот народ се нареди во таја борба. Тој во неа виде возможност да ја помогне општата борба на сите поробени народи и целото слободољубиво човечанство и да го оствари својот вековен национален идеал. И ете како резултат на тригодишни крвави борби, македонскиот народ ја врза својата судбина со судбината на сите југословенски народи, помогна со крф и борба да се дојде до нова, братска, демократска и федеративна Југославија. Денеска на фториот, славен Илинден, последен Илинден на неослободена Македонија, се стават темелите на македонската држава во која да се обедини и заживее нашиот народ онаков среќен живот каков го заслужува по своите претрпени ропски маки и петвековни борби. Да е жива нашата мила македонска федерална држава! Да е жива федеративна, демократска Југославија, заеднички покров на братските јужнословенски народи!....


Панко Брашнаров -Историскиот говор на првото заседание

Напиши коментар
Име:
Email:
 
Наслов:

!joomlacomment 4.0 Copyright (C) 2009 Compojoom.com . All rights reserved."

Виц на денот

ПРЕСПАSky Вицотека
Комшии разговараат: - Се надевам ќе го продадете кучето, ќерка ми вчера не можеше да го заврши часот по пеење, зошто вашето куче цело време завиваше. - Извинете, ама вашата ќерка прва започна
_

Погледнете вицотека

 

Играј бесплатно покер на ПреспаСкај Poker





Site Meter Copyright © 2005 - 2010 ПРЕСПАSky

Вестите на интернет страницата на новинската агенција ПРЕСПАSky може да се користат исклучиво за лично информирање.
Без писмена дозвола од новинската интернет агенција ПРЕСПАSky, или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите.

Правен застапник на Новинската интернет агенција ПреспаСкај е адвокатската канцеларија “Ивановски".