Селото Царев Двор се наоѓа во Преспанската котлина на само 5 километри оддалеченост од градот Ресен, и на 5-6 километри оддалеченост од Преспанското Езеро.
Царев Двор се наоѓа во Преспанската котлина. Со популација од околу 1000 жители и приближно 300 домакинства, е едно од најголемите села во Преспа.
Се претпоставува дека Царев Двор е местото на кое своевремено се наоѓале дворовите на Цар Самоил. Затоа и ден денес самото име асоцира на него. Целиот атар изобилува со плодна земја погодна за развој на овоштарството.
Денес основна дејност за егзистенција на повеќето Царедворци е јаболкарството и производство на надалеку познатото Преспанското јаболко.
Во Царев Двор постојат две цркви и една џамија. Црквата Св Никола, која се наоѓа во северниот дел од селото е изградена во 1875 година.
Веб сајт за Царев Двор - www.carevdvor.com



