Среда, 16 Декември 2009 07:00
Напишано од PrespaSky
Преспанското јаболко се продава за само 8 денари по килограм. Дали е тоа реалната цена? И покрај тоа што некои се подготвени да го продадат јаболкото по толку ниска сума, нема речиси никаква побарувачка. Купци нема никаде. Ќе дојдат ли?
Земјоделците се изиграни од власта. Откако предизборно беше ветено дека општината и власта ќе ја организираат и ќе помогнат во продажбата на Преспанското јаболко, гледано од ситуацијата на терен ситуацијата не била полоша од денес.
Во Преспанскиот регион близу 4.000 семејства одгледуваат јаболка. Годишно произведуваат и до 100.000 тони од надалеку прочуеното преспанско јаболко.
Кој е Вашиот став?
Што треба да направи општината, владата? Дали таа има одговорност за ваквата ситуација.
Во делот за коментари впишете го вашето размислување, дискутирајте за пласманот на Преспанското јаболко.