|
Напишано од PrespaSky
|
|
Вторник, 31 Август 2010 14:30 |
|
Работното време на угостителските објекти од утре се скратува за еден час. Како што информираат од министерството за економија, објектите за исхрана може да работат од седум наутро до 24 часот, а ноќните барови и кабареа од 20 до четири часот наредниот ден.
|
|
Напишано од PrespaSky
|
|
Недела, 29 Август 2010 08:49 |
|
Просечен економски пораст од шест до осум проценти, пораст на индустриското производство со годишна стапка од пет до седум проценти и ветување за инвестициски бум во земјата се само дел од ветувањата за економска преродба на ВМРО-ДПМНЕ. Место тоа, економијата отиде во минус, индустриското производство имаше просечен годишен пораст од 0,5 проценти, а со 181 милион евра странски инвестиции лани сме на дното во однос на земјите во регионот, каде што тие се мерат во милијарди евра. Граѓаните и стопанството очекуваа многу од премиерот Никола Груевски, кој во Владата на Љупчо Георгиевски беше министер за финансии, и сметаа дека акцентот, конечно, ќе биде ставен на економијата и на животниот стандард. Меѓутоа, како што коментираат стручњаците, како што поминуваа годините, Груевски се повеќе се претвораше во класичен политички лидер кому му е најважен рејтингот и фотелјата, а парите на граѓаните ги трошеше на пропаганда за да се задржи на власт.
|
|
Напишано од PrespaSky
|
|
Петок, 27 Август 2010 08:05 |
|
Се правеле списоци за вработување во партиските простории на една владеачка партија, на шесто нивни активисти кои наводно требало да ги заменат сите 600 вработени во компанијата Свислион Агроплод.
|
|
Напишано од PrespaSky
|
|
Вторник, 24 Август 2010 15:50 |
|
На ден 23-08-2010 година до Уредникот на Преспаскај се обрати Ѓорѓи Китинов, најнапред одпочна со неговата едукација како тој го разбирал новинарството!!,па држење на лекции зошто ние не сме ја запазиле и втората страна,т.е.него кога во Рубриката *Писма*по испратено писмо од страна на група вработени , истото сме го објавиле.
|
|
Напишано од PrespaSky
|
|
Петок, 20 Август 2010 08:22 |
|
Македонија ја нема меѓу 100-те земји во светот кои се погодно место за живеење. Според истражувањето на американскиот магазин Њузвик поквалитетно се живее дури и во Буркина Фасо , Иран и во Етиопија.
|
|
Напишано од PrespaSky
|
|
Четврток, 19 Август 2010 08:21 |
|
Веќе повеќе од месец дена трае агонијата на новиот Управен одбор околу Управната зграда на АД Агроплод Ресен. Впрочем по експресното преземање на Управната зграда од страна на Китинови и раководството на ВМРО ДПМНЕ во Ресен , Меѓународната корпорација Свислион кој воедно е И стратешки инвеститор во Агроплод ја активира хипотеката врз Управната зграда на АД Агроплод.
|
|
Напишано од PrespaSky
|
|
Среда, 18 Август 2010 08:36 |
|
Национална и сателитска телевизија “Jungle TV” е современ музички канал со седиште во Скопје, и е еден од најгледаните музички канал во Македонија.
|
|
Напишано од PrespaSky
|
|
Сабота, 14 Август 2010 08:34 |
|
Денеска кога сонот стана јаве го добивме новиот директор на Агроплод Г-дин Китинов. Си викам, па јас го имам гледано овој филм. Се потсеќам како студент шетајќи во големиот град чекав во ред да ги гледам тогаш најголемите филмски хитови КуМ, и Беше еднаш во Америка, бев воодушевен од главните ликови и како млад човек посакував да сум дел од тоа друштво, но сепак тоа беше една имагинарна состојба на мојот ум кој враќајќи се во реалноста сваќав за тоа треба да си посебен и роден за тоа.
|
|
Напишано од PrespaSky
|
|
Четврток, 12 Август 2010 08:42 |
|
Од Секторот за урбанизам на Општина Ресен одговараат дека вината што повеќе од пет години не се реализира проектот за ексклузивниот ресорт крај Преспанското Езеро е кај португалскиот инвеститор кој сe уште не ги доставил сите документи.
|
|
Напишано од PrespaSky
|
|
Среда, 11 Август 2010 08:21 |
|
За секој корисник кој поседува интернет и телефонија од “Канал 16” ќе добие гратис 100 GB интернет сообраќај, летната промоцијта трае до 25 август 2010 година доколку уплати интернет пакет “EKONOMIK” и донесе потврда за платена телефонска сметка за месец јуни 2010 година.
|
|
|
|
JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL |