|
Малото преспанско село Коњско, на кое пред половина век фрлија камен луѓето, станува викенд-атракција.
|
|
Во Подмочани се наоѓа приватен етнографски музеј. Фантастична градба со уште поубави поставки. Вистински чувар на богатството на традиционалната култура. Музејот има збирки на народни носии, накит, везови, керамика.
|
Зградата на поранешниот Сарај на Ахмет Нијази-бег во Ресен, каде што сега се наоѓаат Домот на културата "Драги Тозија", постојаната поставка на дела на македонската сликарка Кераца Висулчева и галеријата на дела од Ресенската керамичка колонија, е вброена во најрепрезентативните примери на објекти градени во неокласичен стил во Македонија.
|
|
Селото Царев Двор се наоѓа во Преспанската котлина на само 5 километри оддалеченост од градот Ресен, и на 5-6 километри оддалеченост од Преспанското Езеро.
|
На околу 2 км од североисточното крајбрежје на Големото Преспанско Езеро, во подножјето на планината Баба односно нејзиниот разгранок Голема Чука се наоѓа селото Курбиново.
|
Во средишниот ракав од северниот дел на плодното Ресенско поле, некогаш 2 км северно, а денес и предградие на Ресен се наоѓа селото Јанковец.
|
|
Заради особените природни убавини и карактеристичниот растителен и животински свет на шумите и шумските предели на планината Галичица , еден поголем дел од неа, на површина од 22.750 хектари, во 1958 година е прогласен за национален парк.
|
Под подножјето на Галичица од Преспанска страна се наоѓа црквата св. Спас, до која може да се стигне со секакво патничко возило доколку временските услови го дозволуваат тоа.
|
Во преспанскиот регион, близу до живописното село Курбиново, во пазувите на планината Пелистер е сместена црква посветена на свети Ѓорѓи.
|
Селото Кривени се наоѓа на олоку 6 км северно од Ресен, длабоко вовлечено во една од пазувите на планината Бигла и од сите страни опкружено со нејзините истурени разграноци:Висок Кладенец, Голем Рид, Задел, Кошарјето, Нивишта, Среден рид и Ѓура, поставено од двете страни на Кривенска Река, на надморска висина од 900 метри. Селото е безмалку напуштено бидејќи денес во него живеат дваесетина семејства. Некогаш Кривени броело околу 120 куќи. Денес куќите се стари, многу од нив се изрушени,но има тенденција на градење на нови или обновување на старите.
|
Селото Стење се наоѓа на 23 километри западно од централното градско подрачје на Ресен.
|
Голем Град (или Змиски Остров) е остров во Преспанското Езеро - единствениот остров во Република Македонија.
|
Во непосредна близина граничното трoмеѓе со Република Грција и Република Албанија, на југоисточната страна на Преспанското Езеро се наоѓа село Долно Дупени.
|
На околу 2 км источно од Преспанското Езеро и надморска височина од 920 м се наоѓа Село Љубојно.
|
Подмочани се наоѓа во источниот дел на територијата на Општината Ресен, на патот кој што води од Ресен за Љубојно, а чии што атар се издига на сртот на планината Пелистер , каде што се допира со просторот на општината Цапари. Селото е рамничарско, на надморска височина од 890 метри. Оддалеченоста од градот е околу 10 км.
|
|
Во североисточниот дел на Преспанскат котлина на околу 4 километри од Ресен е ситуирано селото Сопотко.
|
Брајчино е едно од најпрекрасните локации во преспанскиот регион, се наоѓа под југозападниот срт на планината Баба, каде што се допира со атарот на с. Бистрица, како и со државната линија на јужниот сосед.
|
|
На 6 км. западно од админастаративниот центар на градот Ресен по новиот асфлатен пат, изграден 1974-та год. се наоѓа с.Болно.
|
|
На само пет километри западно од Ресен се наоѓа прекрасното село Евла, населено со стотина жители.
|
На Горицата на с. Подмочани издигнат е Преспанскиот Крст кој е заштитник на селото и Преспа.
|
|
|
|
|